Четири европски држави потпишаа договор со компанијата AstraZeneca за набавка на вакцини против корона

- Advertisement -


Франција, Германија, Италија и Холандија потпишаа договор со британско-шведската фармацевтска компанија ​AstraZeneca за набавка на 400 милиони дози вакцини против КОВИД-19. Како што се наведува во договорот, вакцината моментално е во напредна експериментална фаза, а завршните тестови се прават на Универзитетот Оксфорд.

Се очекува дека тестирањето ќе биде објавено наесен и дека вакцината ќе биде достапна до крајот на годината. ​Четирите држави кои го потпишаа договорот финансиски ќе го помогнат процесот на развој на вакцината, а повикани се и други европски земји да се придружат ако се заинтересирани.

- Advertisement -

Владите на земјите-членки на ЕУ и дадоа мандат на Европската комисија да ги води преговорите за набавка на перспективни вакцини против корона вирусот. Компанијата AstraZeneca веќе потпиша слични договори со Велика Британија, САД и уште неколку земји за 700 милиони дози, а усогласена е и лиценца со Индија за 1 милијарда дози.

(Bizlife, Beta)

- Advertisement -

(фото: AstraZeneca)

Сподели!
- Advertisement -