Викенд Медиа Фестивал оваа година во Ровињ, од 24 до 27 септември

- Advertisement -

Септември оваа година повторно ќе го одбележи најдобриот Викенд во годината!

Викенд Медиа Фестивал продолжува понатаму! И оваа година, во период од 24 до 27 септември во Ровињ, Викенд Медиа Фестивал (Weekend Media Festival) ќе ги обедини водечките експерти од областа на медиумската индустрија. Под слоганот „I love Weekend“, фестивалот ќе ги одбележи љубовта, поврзаноста и пријателството, кои во оваа 2020 година ни станаа повеќе потребни од било кога до сега.

Возбудени сме и навистина ни е драго што и оваа година ќе уживаме во одличните предавања и врвните забави како што ги има само во рамки на Викенд Медиа Фестивал. Особено сме насочени кон грижата за безбедноста на сите присутни. Редовно и внимателно ги следиме упатствата на надлежните институции и органи од областа на Јавното Здравство и се придржуваме кон пропишаните препораки – сè со цел да овозможиме максимална безбедност за сите посетители, нагласи Томо Рицов, Директор на Фестивалот.

- Advertisement -

Овогодинешното издание на најголемиот регионален медиумски фестивал, веќе традиционално, ќе ги обедини сите заинтересирани за медиумската индустрија, а особено е значајно што Викенд Медиа Фестивал ќе биде еден од првите фестивали од големи размери кои ќе се одржат по олабавувањето на епидемиолошките мерки предизвикани од пандемијата на корона вирусот Ковид-19. 

“Сите најдобри забави биле во најлудите времиња и затоа сигурни сме дека ова ќе биде најдобар Викенд до сега. Покрај тоа, подготвивме врвна програма која нема да сакате да ја пропуштите ”, објаснува Никола Врдољак, програмски директор на фестивалот

- Advertisement -

Најдобрата покана за овогодинешниот Викенд е фактот дека од година во година, во Ровињ се собираат сè поголем број учесници и врвни предавачи. Затоа, бидете и вие дел од најголемиот медиумски фестивал, подгответе се за најдобрата забава оваа година и понесете со себе добра волја и опуштеност – тоа е единственото нешто што Викенд Медиа Фестивал го бара од вас.

Сподели!
- Advertisement -