Светската здравствена организација предупредува дека светот се наоѓа во опасна фаза – забрзува пандемијата на КОВИД-19

- Advertisement -

Пандемијата на корона вирусот се забрзува, па минатиот четврток беа забележани 150.000 нови случаи, што е досега најголем број на нови случаи во еден ден. Речиси половина од нив се од Северна и Јужна Америка, а остатокот во најголем дел се oд Јужна Азија и од Блискиот Исток, предупредува Светската здравствена организација (СЗО).

Светот се наоѓа во нова, опасна фаза. Вирусот и понатаму брзо се шири, уште е смртоносен, а најголем дел од луѓето и понатаму не се отпорни на него“, изјави генералниот директор на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус.

- Advertisement -

Повеќе од 8,53 милиони луѓе во светот беа заразени со корона вирусот, од кои починаа 453.834, покажуваат податоците на Reuters од минатата недела. Генералниот директор Тедрос, чие водство на СЗо го критикуваше американскиот претседател, Доналд Трамп, апелираше луѓето да се придржуваат до социјалната дистанца и да бидат екстремно внимателни.

(Poslovni Dnevnik)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -