Kолку луѓе се потребни за основање нова цивилизација на Марс?

- Advertisement -

Сега имаме одговор и на прашањето колку луѓе се потребни за да се основа и да се одржува нова цивилизација на Марс. Kако што пресметаа некои експерти потребни се најмалку 110 луѓе, а еве зошто.

Експертот за вселената Жан-Марк Салоти од Националниот институт за политехника во Бордо, Франција, во своето објавено истражување проценува дека 110 луѓе минимум можат да основаат нова цивилизација на Црвената планета. Како што пишува тој, направени се некои претпоставки за организација на населениците и за инженерските проблеми со кои би можеле да се соочат. Со најмалку 110 луѓе, бројка за која Салоти признава дека е релативно ниска, би се исполнувале најголем дел од работите и услуги без да дојде до снемување залихи.

- Advertisement -

Во неговото истражување се наведуваат повеќе причини поради кои Земјата не би можела да биде од никаква помош за цивилизацијата на Марс. Во случај на војна на Земјата, на пример, би можела да биде уништенa битна инфраструктура за летови во вселената, што ќе доведе до подолг прекин на патувањата, вели Салоти.

Може, исто така, да се случи судир меѓу владите на Марс и населениците, па подоцна тие може да прогласат независнсот и да се обидат да преживеат со сопствени сили. Уште една причина би била некоја влада да го стопира процесот на населување поради бесконечното зголемување на трошоците.

- Advertisement -

(Nature.com, Dnevnik.hr)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -