Универзитетот Колумбија откри дека ултравиолетовото зрачење може да го уништи корона вирусот во воздухот

- Advertisement -

Уредите кои емитуваат безбеден облик на ултравиолетово зрачење може успешно да го уништат корона вирусот во воздухот, докажаа истражувачи од Универзитетот Колумбија во САД. Многу мало зрачење со ултравиолетово светло успеа да уништи повеќе од 99,9% од вирусите изложени на него, изјави раководителот на истражувањето д-р Дејвид Бренер за Reuters.

Научниците ги распрскале честичките од корона вирусот во ситни капки пред извор од ултравиолетова светлина и потоа ги собрале за да ги тестираат и да видат колку од нив се уште активни. Според резултатите од студијата објавена во списанието Scientific Reports, научниците користеле корона вирус кој предизвикува обична настинка.

- Advertisement -

„Во дополнителните студии, кои уште траат, утврдивме дека корона вирусот, кој предизвикува КОВИД-19, е уништен на ист начин со ултравиолетова светлина. Идејата е во јавни простории да се постават извори на ултравиолетово зрачење и постојано да ги уништуваат микробите, меѓу кои и вирусот кој предизвикува КОВИД-19, за така да се ограничи ширењето на вирусот“ вели д-р Бренер.

Тој додаде дека производителите на извори на ултравиолетово зрачење веќе се подготвуваат да почнат да произведуваат уреди за таа цел.

- Advertisement -

„Ултравиолетовото зрачење не го сметаме за алтернатива за маските и мерките за социјално дистанцирање, туку како на дополнително оружје кое можеме да го користиме во борбата против КОВИД-19“ објаснува д-р Бренер.

(Reuters)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -