После неколку месеци изолација поради пандемијата на корона вирусот, карантините и затворените граница, конечно ги отвори своите граници и егзотичниот остров Фиџи. Но, корона-кризата остави последици и на луксузните летни дестинации.
Имено, Фиџи објави дека услов за да се влезе на островот е да сте милијардер. Овој услов го објави на Twitter премиерот на таа држава. „Да речеме дека сте милијардер кој сака да лета со сопствен авион, да изнајми сопствен остров и со сето тоа да инвестира милиони долари во Фиџи. Ако сте ги презеле сите неопходни здравствени мерки и сте ги покриле сите трошоци, можеби ќе најдете нов дом во рајот каде што единствено можете да помогнете од пандемијата“, објави претседаетлот на владата на Фиџи, Френк Баинимарама.
Тоа би значело дека Фиџи сака да го оживее својот парализиран туристички сектор, кој многу зависи од ВИП гостите. Според нивните зборови, меѓу ВИП гостите има и такви кои доаѓаат со свои јахти, а се спремни да поминаат 14 дена на море или во изолација.
Дека овој повик на Фиџи има ефекти докажува и нивната објава дека овој викенд ја дочекуваат првата тура од 30 богаташи од една многу позната компанија, која не сакаат да ја откријат. Но, познато е дека тие стигнуваат со авион и дека на островот ќе поминат три месеци.
Фиџи досега имаше само 18 случаи на корона вирус и ниеден смртен случај, а веќе три недели наназад немаат нов заболени.
(Bizlife, )
(фото: Pikist)