Германија дозволи по јавните патишта да се возат автономни возила

- Advertisement -

Германија усвои закон кој овозможува по јавните патишта да се возат возила без возачи почнувајќи од 2022 година. Со тоа ги поставија темелите за компаниите за развој на роботакси и сервиси за достава на ниво на цела држава.

Законот минатата недела беше усвоен во Бундестагот и специфично се однесува на возила со високо ниво на автономија – ниво 4. Нивото 4 е ознака на Друштвото на автомобилски инженери, а всушност значи дека компјутерот целосно управува со возилото во одредени ситуации и услови. Во Германија тие возилa ќе бидат ограничени на одредени географски подрачја.

- Advertisement -

Во иднина автономните возила треба да возат во дел од државата и без физичко присуство на возачот на специфични делови од јавните патишта во текот на редовниот сообраќај. Законот мора допрва да го помине гласањето во горниот дом на парламентот.

Во законoт се вклучени можните први апликации нa целосно автономните возила на германските патишта како јавен превоз, за деловни патувања, за логистика, превоз на работници и возење од болниците до пензионерските домови. Но, компаниите кои ќе сакаат да учествуваат во управувањето со комерцијалните автономни возила во Германија ќе мора да се придржуваат и до други правила.

- Advertisement -

Компаниите како Argo AI и Mobileye веќе тестираат автономни возила во Германија и од една страна веќе имаат и предност во однос на другите компании кои во иднина би се занимавале со тој сегмент од транспортот.

(Tech Crunch)

- Advertisement -

(фото: Mobileye)

Сподели!
- Advertisement -