Microsoft стартуваше бесплатна обука за стекнување 10 дигитални вештини

- Advertisement -


Пандемијата на корона вирусот имаше огромно влијание на светската економија, односно на пазарот на труд. Милиони луѓе ја изгубија работата, а само во Америка бројот на невработени во моментот го стигна нивото од Големата депресија. Технолошките компании сега ја унапредуваат својата работа со дел да се изборат со кризата, а последните промени на тоа поле ги направи Microsoft.

Компанијата објави глобална платформа која нуди бесплатни обуки за луѓето кои ја изгубиле работата да можат да стекнат нови вештини. Покрај тоа, Microsoft најави и делeње на неповратни средства во износ од 20 милиони долари за непрофитни организации кои им помагаат на луѓето кои ја изгубиле работата поради пандемијата. Посебен акцент е ставен на тие што работат со групи кои се недоволно застапени во технолошкиот свет.

- Advertisement -

Парите кои ќе им ги дава Microsoft на непрофитните организации се насочени на широк спектар на организации. Средствата нема да одат само за учење нови вештини, туку за организации кои помагаат на одредени групи луѓе. Овие обуки кои ги нуди Microsoft се во соработка со LinkedIn. Од Microsoft напоменуваат дека користејќи ги податоците на LinkedIn идентификувале 10 технолошки работи кои се посебно барани во моментот и ќе бидат барани и во иднина. Ова се десетте обуки кои се нудат бесплатно:

Become a Software Developer
Become a Sales Representative
Become a Project Manager
Become an IT administrator (Prepare for CompTIA Network+ Certification)
Become a Customer Service Specialist
Become a Digital Marketing Specialist
Become IT Support / Help Desk (Prepare for the CompTIA A+ Certification)
Become a Data Analyst
Become a Financial Analyst
Become a Graphic Designer

- Advertisement -

(Bizlife, Microsoft)

(фото: EdTech SR)

Сподели!
- Advertisement -