Колку често треба да го чистиме смартфонот?

- Advertisement -

Поради пандемијата на корона вирусот луѓето станаа свесни за важноста на хигиената и идржувањето на предметите чисти. Но, што е со паметниот телефон, кој најмногу пати дневно го држиме во рака и го приближуваме до лицето?

Имаме за вас неколку вести. Најпрвин добрата вест – современите мобилни телефони не се во толкаа мера ширители на микроби, вели професорот по микробиологија и хигиена на германскиот Универзитет Фуртванген, Маркус Егерт.

- Advertisement -

„Во споредба со бројот на микроби на рацете на луѓето, можеме да речеме дека бројот на микроби на мобилните телефони е навистина занемарлив. За здрав човек кој користи мобилен телефон дома бактериите кои се на телефонот не претставуваат опасност“ вели Егерт.

„Современите паметни телефони имаат мазна површина, поради што на нив не се лепи голем број бактерии. Тие на таквите површини немаат со што да се хранат, па не успеваат ни да се размножат. Наспрема тоа, бројот на бактерии пронајдени на типките на старите мобилни телефони е многу поголем“, објасни Егерт.

- Advertisement -

Тој додава и дека начинот и местото на кои го користите телефонот влијаат на бројот на микроби на него. Површината на смартфоните е одраз на свеста за хигиената на корисниците, вели Себастијан Клос од германски Bitkom. Сите кои ретко ги мијат рацете, ги користат смартфоните додека јадат и ги носат со себе во тоалет или во бања, на уредот ќе пренесат значително повеќе микроби од оние кои не го прават тоа.

Од состојбата на вашиот смартфон зависи и количината на микроби кои ќе се залепат на неговата површина. Бактериите, вирусите особено добро се лепат за гребаниците, предупредува Клос. Претходните истражувања открија различни видови бактерии и вируси на телефоните. Вообичаено, на нив може да се најдат бактерии кои живеат на нашата кожа, во респираторниот тракт, како и бактерии кои живеат во фекалиите. Додека најголем дел од нив нема да не разболат, не се сите целосно безопасни. Различни студии покажуваат дека на мобилните телефони живеат ешерихија коли, стрептококи и стафилококи.

- Advertisement -

Во некои случаи мора да бидете изложени на влијанието на илјадници микроби за да се разболите, па самото нивно присуство на мобилните телефони не е причина за загриженост. Производителите на паметни телефони како Apple и Samsung на своите интернет страници нудат упатства и совети за чистење на телефоните. Советуваљата уредите да се исклучат пред да ги чистите и да се користи мека микрофибер крпа. Ако телефонот е многу валкан, советуваат да се чисти со мека влажна крпа на која ќе се стави и малку сапун.

Егерт вели дека телефоните што не се многу валкани нема потреба да се дезинфицираат затоа што корона вирусот се отстранува со обичен сапун. но, предупредува дека средствата за чистење, како тие за стакло или на база на алкохол, може да го оштетат премазот кој ги одбива маснотиите од екранот на смартфонот.

Да заклучиме, колку често го чистите смартфонот зависи од начинот на кој го користите, вели Бернд Глас од германското Здружение на индустријата за детергенти и лична хигиена. Ако често патувате, ако сретнувате многу различни луѓе или го користите телефонот во кујната, секако треба почесто да го чистите.

(Dnevnik.hr)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -