Amazon презеде стартап кој развива технологија за автономни автомобили

- Advertisement -

Додека Amazon соборува рекорди по вредноста на акциите, која сега вреди 1,34 трилиони долари, шефот на компанијата, Џеф Безос, постојано инвестира во нови технологии од кои ќе може да заработува во иднина. Една од таквите технологии, според Безос, е технологијата за автономни автомобили.

На почетокот на минатата година Amazon инвестираше 700 милиони долари во стартапот Rivian, кој развива електрични возила и во компанијата Aurora. Минатата недела е-трговецот направи уште еден чекор во тој правец и ја презеде компанијата Зо Zoox оџ, за, како што се шпекулира, 1,2 милијарди долари. Оваа компанија веќе шест години развива автономна технологија.

- Advertisement -

Според условите на аквизицијата, Zoox ќе продолжи да работи како посебен дел во рамките на Amazon, a основачите Аиша Еванс и Џеси Левинсон ќе бидат на чело на компанијата како и досега. Џеф Вилке, еден од директорите во Amazon, изјавил дека Amazon ќе и помогне на Zoox својата визија да ја претвори во реалност. Zoox досега ја тестираше својата технологија на прилагодени модели на Toyotа Highlander во Сан Франциско и во Лас Вегас, а со помош на Amazon развојот на таа технологија дополнително ќе се забрза.

Не е познато на кој начин Amazon ќе го искористи Zoox и технологијата која ја развива стартапот, а една од претпоставките е дека ќе ја интегрира во својата логистичка мрежа за да се забрза и да се поевтини доставата.

- Advertisement -

(Dnevnik.hr, CNBC)

(фото: )

Сподели!
- Advertisement -