Светски познатиот пејач Елтон Џон доби своја монета

- Advertisement -

Музичката легенда Елтон Џон стана вториот уметник кој доби своја сопствена монета. Монетите се направени од злато, сребро и други нескапоцени метали, а имаат и различна вредност – од 5 фунти која се продава по 13 фунти до златна монета тешка 1 кг со вредност од 1.000 фунти која се продава по цена од околу 70.000 фунти. Монетите ги дизајнирал уметникот Бредли Морган Џонсон, а на нив е прикажан препознатливиот шешир и очилата на легендарниот пејач направени од музички ноти.

„Голема чест е да се биде препознаен на овој начин“ изјави Елтон Џон.

- Advertisement -

Џон, кој поради заслугите во музиката и својата добротворна работа во 1998 година стана витез, е вториот уметник кој добива своја монета со што се оддава почит на британските групи и пејачи. Првата таква монета ја доби групата „Queen“.

Џон работел заедно со кралската ковачница на создавањето на посебната колекционерска монета, која ќе биде продадена на аукција подоцна годинава за да се соберат пари за добротворни цели во време коха многумина во музичките води се борат за опстанок.

- Advertisement -

(Bizlife, BBC)

Сподели!
- Advertisement -