Facebook најави проширување на своите напори за обезбедување навремени и точни информации на своите корисници во време на пандемија на корона вирусот. Откако го претставија информатиовниот центар во кој корисниците можат да добијат инфромации за корона висусот кои се битни за соодветниот региион каде што живеат, другата новина е дека корисниците ќе ги предупредуваат да носат заштитни маски.
Предупредувањет најпривн ќе го гледаат на своите екрани корисниците од САД, каде што ситуацијата со пандемијата е се посериозна, апотоа и корисниците во оние делови од светот каде што е задолжително носењето маски. Така, корисниците на Facebooк и Instagram на врвот на екраните на нивните мобилни уреди ќе добијат еден вид предупредување и потсетник со пораката „Кога сте во јавност, прекријте ја устата и носот со платнена маска“ со линк до надлежните тела кои се занимаваат со борбата против корона вирусот.
За потсетување, Facebook на своите платформи Facebook и Instagram осмисли информативни центри во кои корисниците можат да најдат корисни информации за тоа како да се заштитат себеси и луѓето околу себе од корона вирусот, но и да понудат, односно да најдат помош која ја нудат други корисници во форма на набавка на продукти, лекови или психолошка помош.
(Dnevnik.hr)