Хрватската иновација iTherapy освои златен медал во конкуренција на производи против корона вирусот од целиот свет

- Advertisement -

Иновацијата iTherapy на хрватската компанија Kristalna ideja беше наградена со златен медал на меѓународниот натпревар Inventions VS Corona во конкуренција на 202 производи од 35 земји.

Станува збор за хрватски патент кој во воздухот во затворените простории ги деактивира биоаеросолите, бактериите и вирусите и го спречува нивното шиурење. Меѓународниот натпревар го организира Меѓународната федерација на здрѕженија на изумители и изуми (IFIA), која е главната светска организација на иноватори, основана во 1968 година.

- Advertisement -

Мотивацијата за развој на иновацијата била здравствена и еколошка. Имено, покрај бенефитите за поединците, мора да бидеме свесни за климатските производи и за сите нивоа на загадување на воздухот кои влијаат на секојдневнотои психофизичко здравје, вели Инга Ковачиќ Синдик, директорка на компанијата Kristalna ideja.

Поточно, идејата настанала на база на истражувања на пазарот за достапни филтри. Сите дотогашни производи не можеле истовремено да исполнат две битни финкции: прочистување на внатрешниот воздух од најголем дел од загадувачите и истовремено прилагодување за користење во станбени и деловни простории, хотели, болници и сл.

- Advertisement -

И пред кризата беше јасно дека хрватското стопанство не треба да се базира на економски улови, туку на иновации, особено во вака неизвесни времиња. Ваквите достигнувања помагаат и да се подобри имиџот на Хрватска како земја на иноватори“ изјави Синдик.

Тогаш Инга Ковачиќ Синдик била наградена за најдобра европска иноваторка на саемот IENA во Нирмберг, а нејзината иновација добила златен медал. Производот iTherapy од Светската организација за интелектуална сопственост на Обединетите нации доби награда а нјадобра светска иновација во 2019 година во Истанбул. Компанијата доби и поддршка од Европската претприемничка мрежа и учествуваше на економските средби во Манчестер во 2019 година.

- Advertisement -

(Dnevnik.hr)

(фото: Kristalna ideja)

Сподели!
- Advertisement -