Велика Британија забрани користење на опрема од кинеската компанија Huawei за изградба на британската 5G мрежа. Според планот кој го договори британскиот премиер Борис Џонсон, операторите нема да можат да додаваат нови компоненти на компанијата Huawei во својата 5G мрежа после 31 декември.
Целата опрема која ја направи компанијата од Шенжен, која е веќе инсталирана, треба да биде отстранета од 5G инфраструктурата до 2027 година, соопшти британската влада. Џонсон, министрите и шефовите за безбедност го потпишаа тој план на состанок со Британското собрание за национална безбедност денес, пред да бидат изнесени деталите во Парламентот.
Од британската влада велат дека не постои совршено безбедна мрежа, како и дека оваа одлука ќе го одложи ласнирањето на 5G мрежата во Велика Британија. Оваа одлука, исто така, може да поттикне несогласувања меѓу Велика Британија и Кина во исклучително осетливо време. Кина предупреди дека Џонсон ќе се соочи со последици ако Велика Британија биде третирана како непријателски партнер.
Британските телекомуникациски компании сега се соочуваат со сложената и скапа задача на остранување на опремата на Huawei од своите мрежи во текот на наредните седум години. Министерот за култура и дигитализација, Оливер Дауден, изјави дека санкциите наметнати од страна на САД врз кинеската компанија значително ги смениле нивните ставови.
„Со оглед на неизвесноста која се создава околу синџирот на достава на Huawei, Велика Британија не може повеќе со сигурност да ја гарантира безбедноста на опремата за 5G на Huawei“ изјави Дауден.
Оваа одлука е голем удар за Huawei, затоа што компанијата работи во Велика Британија веќе 20 години. Европа е клучен пазар за компанијата и од европскиот пазар доаѓаат 24% од минатогодишната продажба. Кинеската компанија веќе се соочува со пад на продажбата на смартфони и има многу побавен раст од вообичаено. Како резултат на американската забрана, телефоните на компанијата се помалку се продаваат на пазарите надвор од Кина.
Huawei имаше силно лобирање за да ја убеди британската влада дека е партнер ому може да му се верува и лансираше маркетинг кампања која става акцент на сите инвестиции на компанијата и на работните места кои ги отворила во земјата. Huawei веќе е интегрален дел од постојната 4G инфраструктура во Велика Британија, но за среќа, телеком операторите нема да мора да ја заменуваат и таа опрема во своите мрежи. Европските ривали на Huawei, како Nokia, Vodafone и BT најавија дека ќе ја пополнат празнината која ќе ја остави Huawei на пазарот.
(Bizlife, CNN)
(фото: Flickr)