Научници од Беркли создадоа робот кој не може да се убие

- Advertisement -

Мал робот, тежок само десетина грама, не изгледа толку издржлив, но е најиздржливиот робот во светот. Роботот може да поднесе да го газат исто како лебарките.

Се прашувате зошто некој би сакал да направи робот кој личи на лебарка? Кога ќе размислите, лебарките се навистина чудо на природата – можат да преживеат екстремни услови, а многу брзо и лесно се прилагодуваат на секаква околина.

- Advertisement -

Роботот го направиј научници од Универзитетот Беркли во Калифорнија, а има импресивни способности. Иако тежи помалку од милиграм, тој мал робот може без проблем да поднесе на него да згазне возрасна личност.

„Ако некогаш сте згазнале лебарка, знаете дека мора навистина да притиснете за да ја убиете, а во спротивно лебарката ќе стане и ќе си замине. Исто така, ако згазнете на нашиот робот и примените неверојатна тежина, роботот и понатаму ќе функционира“ вели истражувачот Ливеи Ли во официјалната објава за медиумите.

- Advertisement -

Во научниот труд кој го објавија  во Science Robotics тимот од Беркли појаснува дека роботот е направен од тенок слој поливинил флуорид, кој е прелиен со еластичен полимер. За да може да се движи научниците преку жици пуштаат електрична струја, која го извиткува неговото тело и му помага да се движи.

Иако на прв поглед изгледа како да не може да се движи брзо, научниците тврдат дека е навистина брз и може да помине растојание 20 пати подолго од неговото тело за само 1 секунда.

- Advertisement -

Научниците од Беркли сметаат дека нивниот робот би можел најдобро да се користи во акции за потрага и спасување како тие после земјотреси или други временски непогоди. Во случаи кога е премногу опасно за луѓето или за кучињата-трагачи, овој робот ќе може да се протне меѓу рушевините и да ги бара преживеаните.

(Berkeley News)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -