Произведен серолошки тест на корона вирусот кој чини помалку од половина евро

- Advertisement -

Со оглед на тоа дека пандемијата на новиот корона вирус се уште се шири во светот, научниците уште бараат ефикасни тестови за откривање на инфекцијата кај луѓето. Една од основните методи е серологијата, но тоа бара присуство на висококвалитетни рекомбинантни антигени во примероците.

Најновата студија објавена во јули на научниот сервер МedRxiv покажува дека тоа е можно. Станува збор за многу евтин, прецизен и осетлив тест кој би можел од корен да го смени спроведувањето на превентивните мерки за КОВИД-19 во делови од светот каде што има оскудни ресурси.

- Advertisement -

Еден од најбитните антигени во борбата против КОВИД-19 е т.н. САРС-КоВ-2 антигенот, на кој се фокусираат научниците за да развијат вакцини, антивирусни лекови и серолошки тестови. Серолошките тестови се клучни за епидемиолошкиот надзор над пандемијата, особено за откривање на асимптоматските пациенти, како и за извлекување на механизмот на антивирусниот имунитет.

Т.н. шилест протеин се состои од две подединици, S1 и S2, кои управуваат со врзувањето за рецепторите и влегувањето во мембраната, односно со процесите со помош на кои вирусот навлегува во здравите клетки. Тој протеин го напаѓаат неутрализирачки антитела, а најчестиот серолошки тест за САРС-КоВ-2 е ензимски врзаниот имуноапрорбирачки тест ELISA, кој се базира на споменатите S-протеини.

- Advertisement -

Најновата студија се занимава со откривање на главните чинители кои би овозможиле развој на евтин ELISA тест, кој се базира на имунолошката реакција на антителата на S-протеинот. Целта е да се произведе тест кој би овозможил огромен број на тестови за инфекцијата во сиромашните земји. Затоа научниците се фокусирале на намалување на цената за производство за да осмислат оптимален начин за производство на антигени и направиле и нужни промени во методот на собирање на антигените и орбаботка на податоците. Како резултат на тоа успеале да произведат тест кој чини помалку од половина евро по примерок.

Најпрвин успеале да одгледаат S-протеин на корона вирусот во предфузиска состојба во лабораторија со помош на интеграција на трансгени во геномот на клетките, што резултирало со стабилен S-протеин. Така добиениот протеин е стабилен и до 100 дена после производството. Тестирањата биле направени на 210 позитвни и негативни серумски примероци, од кои 66 биле од симптоматски КОВИД пациенти, а 124 биле земени пред избивањето на пандемијата. Тестирањата покажале 98% прецизнос во откривањето на негативните примероци и 80% прецизност во тестирањето на имуноглобулинот, односно 53 од 66 тестови на симптоматските пациенти биле позитивни. За споредба, достапните брзи комерцијални серолошки тестови имаат осетливост на имуноглобулинот од 46%.

- Advertisement -

(News Medical)

Сподели!
- Advertisement -