Google со години инвестира во развој на преносни технологии, а сега своето внимание го насочија на некои други работи. Тие активно работат на развој на нови очила за проширена реалност, контролори за виртуелна реалност кои прават виртуелните предмети да изгледаат како да имаат вистинска тежина, нови паметни часовници, но и необични тетоважи кои кожата ја претвораат во тастатура.
Тетоважите се викаат SkinMarks, привремени се и може да се нанесат на прстите или на делови од раката кои ги користиме за типкање или движење на глушецот. Тетоважите ги развиваат заедно со Универзитетот Саарланд од Германија. Благодарение на минијатурните сензори кои се наоѓаат во тетоважите системот препознава различни гестови. Така, доволно е да го свиткате прстот или да ја притиснете дланката за да направите нешто на екранот.
Ваквите тетоважи би им овозможиле на луѓето кои тешко се движат со мали движења на рацете или прстите да управуваат со содржините на екранот, но и би го олесниле користењето на преносните уреди. Замислете само да можете да напишете имејл на смартфонот или дури на паметниот часовник со едноставни движења на прстите, без допирање на екранот.
SkinMarks уште се во фаза на лабораториски тестирања и истражувања и прашање е дали некогаш ќе се најдат во комерцијална употреба. Со секој случај, идејата е одлична.
(Daily Mail, Dnevnik.hr)
(фото: YouTube screenshot)