31 C
Skopje
вторник, август 4, 2020

Во тек е пријавување за Golden Aurora, награда за европски женски ангел инвеститор

UAKS desktop

По четврт пат германската мрежа на бизнис ангели (ГМБА) заедно со европската мрежа на бизнис ангели ги организираат Golden Aurora наградите во чест на европски женски ангел инвеститор. Целта на овие награди е да ги направи повидливи женските бизнис ангели и нивната делотворност, кои се помалку бројни во однос на машките, и да го поттикне зголемувањето на бројот на жени бизнис ангели. ГМБА изработи детален план за да го зголеми процентот на жени инвеститори во Германија до 2 % до 2025, па затоа ја прогласи 2020 за година на жени бизнис ангели.  

Доколку занете инспиративни жени ангел инвеститори кои ја заслужуваат Golden Aurora наградата може да пријавите кандидатки за наградите за европски женски инвеститор 2020 www.business-angels.de/golden-aurora-2020/. Секоја жена ангел инвеститор со престој на  живеење во Европа може да биде номинирана. Крајниот рок за пријавување е 31 јули 2020.

Фото – wallpaperflare.com

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •