Бесплатно летување, обесштетување во случај на зараза… Како земјите привлекуваат туристи?

- Advertisement -

Откако земјите ширум светот ги затворија своите граници пред неколку месеци, многумина почнаа да ги сонуваат местата кои ќе ги посетат кога конечно ќе дојде крај на пандемијата. Откако границите полека почнаа да се отвораат и ограничувањата да се олеснуват, можноста за патување повторно станува реалност. По повеќемесечниот пад на приходите во туризмот, популарни дестинации ширум светот нудат туристички аранжмани за да привлечат нови посетители.

Една таква дестинација е Узбекистан. Ако се решите да летувате во оваа земја треба да знаете дека земјата ветува оштета од 3.000 долари доколку се заразите со корона вирусот за време на престојот. На тој начин земјата сака да ги увери туристите колку оваа дестинација е безбедна.

- Advertisement -

Канкун, на југот на Мексико пак покрена кампања во која нуди две бесплатни ноќи сместување за секои две платени и рефундира трошоци за една авионска карта за да ги охрабри посетителите да доаѓаат во друштво.

Во Лас Вегас пак уште во мај сопственикот на казино, Дерек Стевенс рефундираше повеќе од 1.000 летови за да го придвижи домашниот туризам во оваа позната дестинација во САД.

- Advertisement -

Во регионот, Бугарија престана да ги наплатува лежалките и чадорите на туристите на најпопуларните плажи на Црното Море. Во Швајцарија, Geneva Tourism претстави “Женевски кутии“ кои нудат попусти до 65%.

Во меѓувреме, Кипар кој повторно ги отвори границите кон одредени земји ветува покривање на трошоците за сместување, храна, пијалок и лекови за посетителите кои во текот на престојот евентуално ќе се заразат од вирусот.

- Advertisement -

(Klix)

Сподели!
- Advertisement -