Јужнокорејски епидемиолози тврдат дека има поголеми шанси за се заразиме со корона дома, отколку надвор

- Advertisement -

Поголеми се шансите луѓето да се заразат со корона вирусот во сопствениот дом, отколку при контактите со луѓе надвор од домот, утврдија јужнокорејски епидемиолози. Во рамки на нивната студија, чии резултати ги објави Американскиот центар за контрола и превенција на болести, биле проучувани 5.706 првозаразени пациенти и нивните над 59.000 контакти.

Истражувањето покажало дека само двајца од стотина заразени луѓе го добиле тој вирус од контакти кои не се поврзани со нивните домаќинства. Секој десетти пациент го добил вирусот од член на сопственото семејство.

- Advertisement -

Во случај кога првозаразените членови на семејствата биле тинејџери или луѓе во 60-тите или 70-тите години од животот, стапката на ширење на заразата била поголема, утврдиле научниците.

Веројатно тоа е така затоа што е поголема веројатноста дека групите од таа возраст се во поблизок контакт со членовите од семејството затоа што станува збор за личности на кои им треба поголема заштита или поддршка“ изјави Јеоунг Еун-Кјеонг, директор на Корејскиот центар за контрола и превенција на болести и еден од авторите на студијата.

- Advertisement -

Најмала е веројатноста провозаразените пациенти да се деца помалои од 9 години, вели д-р Чое Јунг-Џун, професор од Медицинскиот факултет Халим, иако напоменува дека во таа возрасна група имало најмал примерок – само 29 испитаници – додека примерокот на возраст од 20 до 29 години бил 1.695 испитаници.

Поголема е веројатноста децата болни од КОВИД-19 да бидат асимптоматски отколку возрасните, па тоа дополнително го отежнувало откривањето на провозаразените луѓе ако станувало збор за дете. Податоците за ова истражување биле собирани од 20 февруари до 27 март, кога ширењето на корона вирусот во Јужна Кореја било на врвот.

- Advertisement -

(Dnevnik.hr)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -