31 C
Skopje
вторник, август 4, 2020

УНИЦЕФ отвора инвестициска можност за блокчејн стартапи

Kabtel desktop

Иновативниот фонд на УНИЦЕФ нуди 100.000 долари инвестиции без влог (во американска противредност и/или крипто валути) за ранa (seed) фаза на финансирање и менторирање на технолошки стартапи кои имаат потенцијал да креираат нешто вредно за општеството. Кандидатите имаат можност да добијат дел од финансирањето во криптовалути (биткоин или етер) преку скоро лансираниот Крипто Фонд на УНИЦЕФ. Со оглед на сегашната ситуација и драматичната промена на општеството и дигиталната трансформација како резултат на Ковид 19 се повеќе се потребни и важни решенија кои одговараат на критични општествени потреби.

Сите заинтересирани може да аплицираат со пополнување на следниов формулар најдоцна до 23:59, 26-ти јули(недела) 2020.

Иновативниот фонд на УНИЦЕФ нуди:

  • seed capital
  • крипто финансирање
  • раст на бизнис
  • вмрежување и платформи
  • развој на производ и технологија
  • зголемување на видливоста на стартапот

Условите за учество можете да ги најдете на следниов линк, а процесот на аплицирање е објаснет на следниов линк.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •