И Кина испрати свое летало на Марс

- Advertisement -

Кинескиот ровер, кој утрово полета од Земјата на Марс во рамките на првата таква мисија во историјата на Кина, таму ќе ја истражува геологијата на Црвената планета, пренесува BBC.

Роботот на шест тркала е лансиран во заштитна сонда од вселенската база Венчанг на ракетата Long March 5, а би требало да влезе во орбитата на Марс во февруари идната година.

- Advertisement -

Роверот наречен Tianwen-1 нема да слета на површината на Марс веднаш кога ќе стигне уште два до три месеци, што на инженерите ќе им овозможи проценка на атмосферските услови на Црвената планета пред да почне опасното слетување. Оваа стратегија успешно ја користеа и американските астронаути во седумдесеттите години од минатиот век.

Tianwen-1 е една од трите мисии кои на Марс заминуваат во период од 11 дена. ОАЕ во понеделникот кон Марс го лансираа својот сателит Hope, а американската вселенска агенција НАСА за една недела планира на Марс да го испрати роверот од новата генерација наречен Perseverance.

- Advertisement -

Обединетите Арапски Емирати станаа прва арапска земја која испрати сонда на Марс. Кинезите за слетување на Марс избраа рамнина во базенот Утопија сместен северно од екваторот на Марс. Tianwen-1 наликува на роверите Spirit и Opportunity на НАСА од 2000 година. Тежи 240 килограми и се движи со помош на соларни панели.

На високиот јарбол се сместени камери за снимање кои помагаат во навигацијата, а петте дополнителни инструменти ќе помогнат за испитување на карпите и ќе бара вода и лед. Досегашната статистика за Црвената планета е добро позната – речиси половина од сите досегашни обиди за истражување пропаднале.

- Advertisement -

(Dnevnik.hr)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -