Мате Римац го вработи поранешниот главен инженер на Teslа и Aston Martin

- Advertisement -

Rimac Automobili доби битно зајакнување на тимот – нов директор задолжен за технологија, Крис Порит. Порит во последните три децении работи во ИТ и во автомобилскиот сектор пеи што бил главен инженер во Aston Martin, потпретседател за инженеринг во Teslа и раководител на група за посебни проекти во Apple.

Неговото комбинирано искуство во развојот на врвни суперавтомобили во Aston Martin, електричните возила во Teslа и неговиот ентузијазам за трки на автомобили го прави совршен додаток во тимот на Мате Римац.

- Advertisement -

„Приликата да се приклучат на Rimac Automobili е сон на сите инженери. Со оглед на тоа дека речиси секоја клучна компонента е дизајнирана и изградена во самиот Rimаc, тоа ни дава слобода да создаваме нешто што никој не го направил во светот на хиперавтомобилите. Rimac е совршено место каде што можам да го користам свето комбинирано искуство во развојот на електрични автомобили кое го стекнав во Калифорнија. Она што го постигнал тимот со C_Two досега е феноменално и се радувам што ќе ги водам идните инженерски работи за идните производи на Rimас, кои ќе ги поместат границите на своите перформанси“ вели Порит.

Основачот на Rimac Automobili, Мате Римац, пред кој Порит директно ќе одговара, го поздрави ангажманот на Порит и најави нови проекти.

- Advertisement -

„Не можaм да замислам како би изгледало нашето патување и колку далеку би стигнале да го имавме Крис од самиот почеток. Бев загрижен дека луѓето со големо исксуство во оваа индустрија не би биле добар избор за нашата култура и духот на компанијата. Но, како автомобилски ентузијаст, Крис се вклопи од самиот почеток. Размислуваме на ист начин – сакаме да развиваме автомобили кои ќе ги подигнат границите, ќе бидат забавни и квалитетни. Едвај чекам да видиме што ќе создадеме заедно“, изјави Мате Римац.

Тој истакна дека годинава е пресудна за лансирање на новиот хиперавтомобил C-Two, како и дека прототиповите се направени, тестирани и ја поминале хомологацијата на светско ниво, а 150 нови автомобили рачно ќе бидат направени на новата производна линија која треба да почне со работа во 2021 година во Хрватска.

- Advertisement -

(Dnevnik.hr)

Сподели!
- Advertisement -