- Advertisement -
Вработените во „Гугл“ ќе работат од дома најмалку до јули следната година, објави „Волтрит џурнал“. Извршниот директор, Сундар Пичаи оваа одлука ја донел по состанокот на директорите на компанијата.
„Гугл“ претходно планирал работниците да останат дома до крајот на 2020 година. Новата одлука се однесува на сите речиси 200.000 вработени во „Гугл“, и оние со полно работно време и за оние што се хонорарно ангажирани.
- Advertisement -
„Волстрит џурнал“ наведува дека Пичаи сака особено да им помогне на работниците што мора да се грижат за децата затоа што е неизвесно дали училиштата ќе бидат отворени.
- Advertisement -