Пет технолошки трендови кои ќе го сменат начинот на којшто купуваме

- Advertisement -

Технологијата го освои секој дел од нашите животи. Во некои делови е многу очигледна, како кај компјутерите и паметните телефони, додека во други сегменти е речиси незабележлива, како додека камерите не следат во трговските центри. Она што мора да го признаеме е фактот дека сега технологијата го промени и начинот на којшто купуваме. Доволно е да кажеме дека од година во година се зголемува бројот на онлајн купувачи, се отвораат нови е-продавници, а нешто можеме да купиме и преку социјалните мрежи, пренесува Zimo.

Ренди Цукерберг, сестра на основачот на Facebook, Марк Цукерберг, е успешна деловна жена во САД, која со посебно внимание следи како технологијата влијае на нашите животи. Така, таа издвои неколку технологии кои веќе сега влијаат на нашето однесување при купување.

- Advertisement -

Хипериндивидуализација

Повеќе не е чудно трговец да ви нуди посебна понуда доколку му оставите лични податоци и му овозможите да ги следи вашите куповни навики. Ралични картички и програми за лојалност, newsletter, анкети, па и следење во самата продавница, на трговците им овозможуваат да создадат детални профили на своите купувачи. Иако персонализираното искуство на купување допрва ќе биде овозможено во иднина, мноштвото податоци кои веќе сега постојат за купувачите, на трговците им создаваат добра слика за тоа кој влегол во нивната продавница или кликнал на нивната онлајн страница. Во целата таа персонализација купувачите забораваат на најбитната работа – приватноста.

- Advertisement -

Виртуелна и/или проширена реалност

Иако виртуелната реалност уште е резервирана за светот на видеоигрите и тестирањето, не би требало да не изненади ако наскоро влезе и во светот на интернет-трговијата. Сетовите за виртуелна, но и за проширена реалност кои ќе ни овозможат да видиме како ни стои некое парче облека, дали ни одговара црвена или сина софа или како е чувството да се седне во најновиот автомобил, не се толку далеку. Повеќе не е ни прашање цената на тие сетови туку понудата и побарувачката за виртуелни продавници.

- Advertisement -

Производи кои ги осмислиле самите купувачи

Crowdsourcing односно собирањето средства од поголем број луѓе го пронајде својот пат и до дизајнот. Поточно осмислувањето производи. Така, купувачите се активно вклучени во целиот производен процес – од осмислувањето на производот, неговото именување, изгледот, па до самото купување. Еден таков пример  е Ledo, кој на социјалните мрежи и на своите интернет страници на љубителите на сладолед им овозможува да осмислат нови вкусови, изгледи и имиња на сладолед.

Вештачката интелигенција е секаде околу нас

Роботите и вештачката интелигенција речиси целосно ќе ги заменат продавачите во продавниците. Велиме речиси затоа што секогаш ќе постои потреба да доза човечност. Имено, роботот може да ви донесе облека во пресоблекувалната, но тешко дека може да ви каже како ви стои некој фустан или дали виното што ви го донел може да се користи за готвење. Колку и да е паметна вештачката интелигенција, некои работи само човекот ги знае и ги разбира.

Социјалните мрежи веќе никогаш нема да бидат исти

Уште сега, за голем број луѓе, социјалните мрежи се центар на интернет-светот. Тука ги дознаваат сите информации кои им се битни, можат да го купат она што им треба, да испратата пари на другиот крај на светот или едноставно, да комуницираат со пријатели. Како што се развива технологијата, така и социјалните мрежи ќе станат единствената мрежа која ни е потребна. Ќе ни ги нудат сите услуги и одговори кои ги бараме, па нема да мора ни да користиме друга мрежа.

Сподели!
- Advertisement -