Телеком Словенија ја лансираше првата комерцијална 5G мрежа во Словенија

- Advertisement -

Компанијата Telekom Slovenije, која е во мнозинска сопственост на државата, вчера објави дека ја пушта во употреба првата комерцијална 5G мрежа на национално ниво користејќи ги постојните базни станици и спектар на фрекценции од 2,600 MHz, кој веќе го користи мобилната 4G мрежа.

5G ќе го забрза развојот на нови бизнис модели и иновативни ИКТ решенија со висока додадена вредност, а ќе донесе и нови технолошки откритија поддржани од вештачка интелигенција, напредни мултимедиски сервиси, виртуелна и засилена реалност, како и континуиран развој на решенија поврзани со Интернетот на нештата и дигитализацијата на целото општество“, изјави извршниот директор на Telekom Slovenije, Томаж Селјак.

- Advertisement -

Целосниот потенцијал на 5G технологијата, со брзини кои достигнуваат 10 Gbps, ќе биде достапен за корисниците кога ќе бидат доделени нови фреквенции, се вели во соопштението.

Telekom Slovenije досега во првата фаза надгради 150 базни станици и обезбеди поктивност со 4G/5G од 25%. Се очекува дека овој процент ќе надмине 33% до крајот на годината.

- Advertisement -

Истовремено, Telekom Slovenije планира наскоро да претстави мобилни телефони кои поддржуваат 4G/5G мрежа, но чека продавачите најпрвин да ги завршат софтверските надградби на уредите.

Во јуни годинава словенечката влада го одобри планот на Telekom Slovenije да позајми до 100 милиони евра од Европската централна банка со цел да ја надгради оптичката мрежа во земјата.

- Advertisement -

(SEENews)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -