16 C
Skopje
петок, август 14, 2020

Обединетите Арапски Емирати ќе ја градат најголемата соларна централа во светот

Kabtel desktop

Компанијата Emirates Water and Electricity Company (EWEC), водечка компанија задолжена за координација на планирање, снабдување и обезбедување на вода и електрична енергија во Обединетите Арапски Емирати, најави дека во Абу Даби ќе ја гради најголемата централа за соларна енергија во светот.

Проектот бил доделен на конзорциумот предводен од Abu Dhabi National Energy Company, TAQA и Masdar, а партнери се FEUC (French electric utility company), EDF, и JinkoPower. Соларната централа ќе се вика Al Dhafra Solar Photovoltaic, ќе има капацитет од 2 гигавати, а ќе биде лоцирана на околу 35 километри од Абу Дубаи.

Кога ќе биде пуштена во употреба се очекува да ја намали емисијата на јаглерод диоксид во воздухот во Абу Даби за 2,4 милиони метрички тони годишно, што е еднакво како да се отстранат околу 470.000 автомобили од патиштата. Кога ќе биде целосно функционална, централата ќе го зголеми капацитетот на соларна енергија во Абу Даби на околу 3,2 гигавати.

Според проценките, се очекува Al Dhafra Solar PV да снабдува околу 160.000 домаќинства со енергија. Централата ќе биде поголема од централата Noor Abu Dhabi’ со капацитет од 1,2 гигавати и која сега е најголема во светот. Проектот за централата треба да биде комплетиран во третиот квартал од годинава, а во првата половина од 2022 година ќе почне производството на енергија. Централата ќе работи со полн капацитет во втората половина од 2022 година.

(Emirates 24/7)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •