Кина го лансираше сателитскиот навигациски систем ВeiDou-3 кој ќе му конкурира на американскиот GPS

- Advertisement -

Кина го прослави финиширањето на кинескиот сателитски навигациски систем наречен BeiDou, кој ќе му биде конкуренција на американскиот GPS. Последниот од сателитите беше лансиран во орбитата минатата недела, со што се комплетираше системот вреден 7 милијарди долари, и тоа шест месеци порано од предвидениот рок.  

Кинескиот претседател Џи Јинпинг, кој е лидер на Комунистичката партија и на Народната армија за ослободување, официјално го отвори системот вчера на церемонија во Пекинг.

- Advertisement -

Последниот сателит беше последното делче од третата верзија на BeiDou, позната како BDS-3, која почна да обезбедува навигациски услуги во 2018 година. Навигацискиот систем е многу прецизен и нуди комуникација со кратки пораки до 1.200 карактери и опција за споделување фотографии. Како што велат кинеските власти, системот веќе се користи во повеќе од половина од земјите во светот.

„Кина сака да ја зајакне соработката и размената во вселената и да ги споделува своите достигнувања во истражувањето на вселената со други земји во светот врз база на заемна почит, искреност, инклузивност, еднаквост и заеднички бенефит“ велат оттаму.

- Advertisement -

Експертите, од друга страна, велат дека Кина сака да има сопствена сателитски навигациски систем затоа што се плаши дека поради конфликтот со САД, нема повеќе да може да го користи американскиот GPS.

Главниот дизајнер на системот е Јанг Чангфенг, кој почнал да ја развива првата верзија на Beidou уште во 1994 година, но не успеал да ја направи функционална до 2000 година, кога услугата била овозможена само во Кина. До 2012 година била проширена до Азиско-пацифичкиот регион, а третата и последна верзија ќе овозможи глобална покриеност.

- Advertisement -

(Daily Mail)

Сподели!
- Advertisement -