Маск објави дека пирамидите во Египет ги изградиле вонземјани

- Advertisement -


Сопственикот на Teslа и на Space X повторно дигна прашина со своите објави на Twitter. Имено, овојпат иноваторот напиша дека вонземјани ги изградиле пирамидите во Египет и дека тоа е повеќе од очигледно.

По повод таа негова објава се огласи египетската министерка за меѓународна соработка, Ранија ал-Машат, која наведе дека доказ дека гробниците не се изградени од страна на вонземјани се гробниците на фараоните и на египетските владетели кои, како што се верува, се тие кои ги изградиле пирамидите.

- Advertisement -

Таа исто така го повика Маск да појде во Египет и да ги истражи сите записи за тоа како се изградени пирамидите.

Египетскиот археолог Захи Хавас исто така одговори на објавата на Маск со кратко видео на арапски јазик, кое го објави на социјалните медиуми. Во видеото вели дека аргументот на Маск е целосна халуцинација.

- Advertisement -

„Јас ги најдов гробовите на градителите на пирамидите. Тоа на сите им кажува Египќани ги изградиле пирамидите и дека тие не биле робови“ изјави Хавас.

Маск подоцна напиша друга објава на Twitter со линк до BBC History за животите на градителите на пирамидите: „Овој напис на BBC дава разумно објаснение како се изградени пирамидите“.

- Advertisement -

(BBC, Bizlife)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -