Booking.com отпушта четвртина од вработените поради драстично намален број на патувања

- Advertisement -

Компанијата за резервации на хотели и домови за изнајмување Booking.com објави дека отпушта една четвртина од своите вработени затоа што бројот на патувања драстично опадна поради пандемијата. Отпуштањата ќе почнат идниот месец и ќе траат од крајот на годината.

Компанијата Booking Holdings Inc со седиште во Норволк, Конектикат, САД, е сопственичка на компанијата Booking.com, како и на компаниите за резервации во ресторани OpenTable и Priceline.com. Бројот на резервации на Booking.com во текот на првиот квартал од годинава опадна за 43%, на 124 милиони, а падот продолжува и понатаму.

- Advertisement -

Таа компанија уште во мај ги предупреди инвеститорите да се подготват за уште полоши резултати во вториот финансиски квартал, чии резултати треба да бидат објавени утре.

Booking.com има 17.500 вработени во повеќе од 200 канцеларии ширум светот. Филијата на Booking.com во Aмстердам е доминантен играч во Европа, каде што контролира повеќе од 60% од онлајн резервациите на патувања, се наведува во извештајот Hospitality Europe од 2018 година.

- Advertisement -

Но, резервациите нагло опаднале кога драстично се намалил бројот на патувања од големите пазари како САД и Кина. Бројот на луѓе кои патуваат од аеродромите во САД се намалил за околу 70% во однос oд пред една година, покажуваат податоците на Управата за безбедност.

Светската туристичка организација, агенција на Обединетите нации, соопшти на крајот на минатиот месец дека од почетокот на годината досега има 56% помалку туристи. Тоа е околу 300 милиони патници помалку и 320 милијарди долари изгубени меѓународни приходи од туризмот.

- Advertisement -

(Bizlife, Beta)

(фото: Pikist)

Сподели!
- Advertisement -