Произведена струја за 1.200 домаќинства благодарение на пиво!

- Advertisement -

Милион литри пиво од пиварите од Јужна Австралија, претворено е во електрична енергија во тамошните пречистителни станици на отпадни води.

Заедно со мерките за претпазливост поради здравствената криза предизвикана од корона вирусот воведени во март годинава, на многу пивари, пабови и ресторани е ставен клуч на врата. Кој е резултатот на затворањето? Многу непродадени литри на пиво. Од една страна произведено пиво кое не може да се продаде, а од друга страна заради времето како фактор, пивото кое е произведено доаѓа со “поминат рок”.

- Advertisement -

Од последицата на предизвиканата ниската потрошувачка на алкохол, создадено е никогаш поголемо производство на струја од обновливи извори во пречистителните станици за отпадни води во Гленелг западно од Аделаида. Капацитетот пораснал на 654 MW за само една недела. Таа количина на произведена електрична енергија добиена од пиво е доволна за снабдување на 1.200 домаќинства. Во нормални услови, фабриката за третман на отпадни води генерира околу 80 % струја од биогас, меѓутоа со помош на новиот ресурс скоро да е енергетски независна.

Самиот процес е следен, пивото се испушта во резервоарите во кои се меша со тињата од отпадните води, произведувајќи биогас. Биогасот потоа се користи за напојување на бензиските мотори на станицата, создавајќи електрична енергија.

- Advertisement -

Во мај годинава произведени се рекордни 355.200 кубни метри биогас, а во јуни 320.000 кубни метри биогас со “додавање” на 150.000 литри пиво во енергетскиот микс, неделно.

Јавното комунално претпријатие на Јужна Австралија, SA Water кое ја спроведува оваа пракса нагласува дека врз основа на ваквата постапка се намалува количината на отпад преку истовремено зголемување на употреба на чиста енергија која истовремено е корисна за животната енергија.

- Advertisement -

Менаџерката за производство и третман од SA Water, Лиза Ханан, појаснува дека засилувањето од пиварите е добредојдено. “Во врвот на пандемијата со Ковид-19 бевме во прилика да прифатиме околу 150.000 литри пиво секоја недела, што е еквивалентно на напојување за околу 1.200 домаќинства. Пивото е навистина одличен “отпад” за нашиот дигестер поради својата високо енергетска вредност која ја содржи”. Се создава додадена вредност. Преку ова, додава таа дека пиварите се охрабруваат да го даваат пивото како отпад и после завршување на пандемијата, бидејќи тоа завршува на крајот како корисен енергенс и сите добиваат од тоа. Добиваат и нивните клиенти бидејќи преку енергетската независнот која на овој начин се зголемува, се намалуваат сметките на Јавното комунално претпријатие, преку тоа и нивните трошоци, оттука има и помали сметки за клиентите со поголем бенефит.

Извор – Стопанска Комора на Македонија

Сподели!
- Advertisement -