Илон Маск докажа дека неговата ракета за колонизација на Марс навистина може да лета

- Advertisement -

Илон Маск ниже успеси последниве години. Откако неговата компанија SpaceX успешно испрати и врати астронаути од Меѓународната вселенска станица и така се запиша во историјата како првата приватна компанија која успеала да го направи тоа. Сега направија и голем чекор напред кон остварувањето на друга желба на Маск – колонизација на Марс.

SpaceX успешно го лансираше, го одржа во воздух и го врат на земја раниот прототип на неговата ракета Starship-Super Heavy во Тексас. Експерименталниот скок, како што го нарекуваат во SpaceX, ја испрати ракетата која ја нарекуваат „експрес лонец“ и „силос за жито“ е висока 16 ката, околу 150 метри. Ги задржаа нешто помалку од минута и безбедно ја вратија назад.

- Advertisement -

Марс изгледа се поблиску, објави Маск после успешното лансирање. Подоцна објави и дека следниот прототип на Starship ќе има нешто подолги нозе за слетување, односно дека во иднина ќе бидат уште повисоок и поширок, но поспособен да слета на нерамна површина и сам да се намести.

SpaceX досега има направено неколку прототипови на Starship кои се тестирани на различни компоненти од ракети. Некои со повеќе, а некои со помалку успех, но секој обид открил нешто ново врзано за самата ракета. Маск во неколку наврати истакна дека она што го учат со секој пропаднат обид го имплементираат во идните прототипови.

- Advertisement -

Но, ова е прв пат ракетата да се искачи на толкава висина и успешно да се спушти назад. Иако ќе помине уште време додека Starship да полета до Земјината орбита или подалеку, Маск е оптимист дека Starship веќе во 2022 година би можел да лета на првата мисија до Марс, да го однесе првиот екипаж до Месечината до 2023 година, а првиот екипаж до Марс до 2024 година.

(Business Insider, Dnevnik.hr)

- Advertisement -

(фото: Nasaspaceflight.com)

Сподели!
- Advertisement -