Вака изгледа една од најскапите хотелски соби во светот

- Advertisement -

Ако некогаш сте се прашувале како изгледа да престојувате во хотелска соба која чини 100.000 долари од вечер, еве како. Прогласен за едно од најубавите места во светот (World Greatest Places) од страна на магазинот Time, апартманот Empathy Suite во хотелот Palms Casino Resort во Лас Вегас е неверојатен.

Empathy Suite е „вила на небото“ дизајнирана од светски реномираниот уметник Демиен Хирст, која првпат беше претставена во март 2019 година. Прекрасниот апартман е една од најскапите хотелски соби во светот и чини 200.000 долари за дводневен престој.

- Advertisement -

Спектакуларната соба содржи многу оригинални дела од првата колекција на Хирст, како што е базенот со мотив на пеперутка обложен со мозаик плочки, од кој се гледа цел град.

Апартманот на два ката има вкупна површина од околу 830 квадратни метри и е единствен таков во светот. Декориран е со колекција од современа уметност,а е дизајниран во соработка со компанијата Bentel & Bentel.

- Advertisement -

Мебелот во апартманот е специјално дизајниран, исто како и материјалот со кој е обложен, има мноштво уметнички дела, а има и посебен шкаф кој е преполн со дијаманти.

Ноќевањето во апартманот вклучува и несекојдневно персонализирано искуство, 24-часовна услуга од батлер, приватна тура на уметничките дела и целиот хотел, како и автомобил со возач, кој е на располагање во текот на целиот престој.

- Advertisement -

Погледнете како изгледа Empathy Suite во Лас Вегас.

Сподели!
- Advertisement -