Вакцината против корона вирусот можеби нема да делува кај гојазните луѓе

- Advertisement -

Со оглед на тоа дека медицинските научни студии од минатото укажуваат на тоа дека вакцините против грип и хепатитис Б биле помалку ефикасни кај гојазните луѓе отколку кај луѓето со нормална тежина, многу експерти ширум светот се плашат дека би била слична ситуацијата и во случајот со вакцините против КОВИД-29.

Некои теоретизираат дека гојазните луѓе имаат ослабен одговор на Т-клетките, на имунизацијата. Д-р Чед Петит, професор на одделот за биохемија и молекуларна генетика на Универзитетот Алабама, вели дека овде не станува збор за тоа дали вакцините кога ќе бидат готови ќе бидат ефикасни, туку дали во случајот на гојазните луѓе ќе бидат доволно ефикасни затоа што кај тие луѓе имунолошкиот одговор е значително полош кај сите видови инфекции.

- Advertisement -

Петит вели дека тој проблем посебно би бил голем во САД, каде што дури 42,4% од возрасните луѓе се гојазни, што во случајот со многу болести ја зголемува опасноста од сериозни инфекции или компликации.

Д-р Вилијам Шафнер, професор по превентивна медицина и инфективни болести на Универзитетот Вандербилт, вели дека кај вакцинирањето гојазни луѓе голема улога може да има и големината на иглата која се користи за вбризгување на вакцината.

- Advertisement -

„Вакцинирањето со стандардна игла може да има послаб ефект кај гојазните луѓе во однос на вакцинирањето со подолги игли. Докторите ќе мора да водат сметка за должината на иглите кои ги користат за при давањето интрамускуларна инјекција да бидат сигурни дека навистина ќе допрат до некој мускул“ вели Шафнер.

Во моментот уште не е познато кога ќе почне вакцинирањето против корона вирусот на поширока популација, ни колку ќе биде ефикасна вакцината, но научнциите сметаат дека при вакцинирањето треба да се посвети посебно внимание на гојазните луѓе.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: Pikist)

Сподели!
- Advertisement -