Viber лансира кампања за борба против гладот во светот влошена од пандемијата на КОВИД-19

- Advertisement -

Viber најави нова кампања – планира да помага за справување со недостигот од храна, проблем кој се влоши поради пандемијата на КОВИД-19. За таа цел ќе пушти во употреба нови лепенки и целосно нова едукативна заедница.

Rakuten Viber, една од најголемите апликации во светот за бесплатна и полесна комуникација, го најавува лансирањето на кампањата за собирање средства за организирање на борбата против глобалниот глад, кој се влошува додека трае пандемијата на КОВИД-19. Со новите лепенки и заедница целосно посветена на таа кауза кампањата на Viber ги ангажира сите вработени и корисници, а донациите ќе одат на контото на партнерите како што се Организацијата за храна и земјоделство на ОН, Интернационалната федерација на Црвениот крст, Red Crescent Societies (IFRC), World Wide Fund (WWF), UNICEF, U-report и U.N. Migration“ се вели во соопштението за печат на Viber.

- Advertisement -

Во извештајот на компанијата се наведува дека според Светската програма за храна на ОН, проценките покажуваат дека најмалку 265 милиони луѓе ќе останат без храна во 2020 година, што е речиси дупло повеќе отколку лани. За да помогнат, Viber ја ласнира заедницата Fight World Hunger Together, како и нови лепенки. Заедницата ќе им помогне на корисниците да ги сменат навиките на јадење, на купување и на готвење со цел да се намали отпадот од храна. Корисниците на апликацијата ќе можат и да купуваат лепенки, а парите што ќе се соберат ќе бидат донирани на хуманитарни организации.

(Android Central)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -