Илон Маск влегува на пазарот за паметни часовници

- Advertisement -

Шефот на Teslа, Илон Маск, досега покажа дека може да се занимава со производство на електрични автомобили за пироките маси, но и со паметен маркетинг и игри со зборови за да ги остави обожавателите во исчекување. Познато е дека Маск следи што коментираат, што предлагаат и што сакаат во своите автомобили купувачите на автомобили на Teslа, па често тие желби им ги исполнува во некоја од следните верзии.

Но, изгледа дека од Tesla одлучиле да се испробаат и во други пазарни сегменти. Според податоците од пријавите кои ги објави американската Федерална комисија за комуникација, Tesla сака да развива паметни часовници. Иако тоа на прв поглед изгледа чудно, треба да имаме на ум дека корисниците на автомобилите на Тeslа можат да управуваат со своите автомобили преку паметен телефон и преку апликација. Оттука, зошто не би можеле да го прават истото преку паметен часовник.

- Advertisement -

Уште не е познато точно што планираат затоа што во пријавата која ја поднеле до Комисијата наведуваат дека откривањето на деталите може да им даде предност на конкурентите над Teslа. Интересно е тоа што Tesla не е главниот подносител на пријавата. Таа чест и припаднала на норвешката компанија Xplora Technologies, која развива паметни часовници за деца, а како дополнителен партнер е наведена и кинеската компанија Shenzen BALUN Technology Co.

Единствената информација која открива нешто повеќе е реченицата за дизајнот – овој дизајн ќе биде основата за идните технолошки производи кои ќе бидат развиени. Додека од Teslа не ги откријат деталите, можеме само да нагаѓаме какви планови имаат.

- Advertisement -

(Gizmodo, Dnevnik.hr)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -