Скопје Лаб – конкурс за дизајн „Промената започнува со тебе“

- Advertisement -

Свесни за потребата за постигнување на поголема енергетска ефикасност со цел намалување на потрошувачката на енергија, зголемување на квалитетот на живот и намалување на загадувaњето, Скопје Лаб објавува конкурс за дизајн на постер и беџ кои ќе ги користи Градот Скопје во промотивната кампања за енергетска ефикасност насловена “Промената започнува со тебе”.

Конкурсот е отворен за сите без разлика на возраст, професија и занимање.

- Advertisement -

Пријавата може да биде за:

  • Дизајн за постер
  • Дизајн за беџ
  • Дизајн за постер и за беџ

Краен рок за поднесување на апликациите е 26ти август 2020, 18:00 преку пополнување на оваа форма: https://bit.ly/3ft8REY.

- Advertisement -

Најкретивните дизајни ќе бидат наградени со:

  • Беџ – 1ва награда – 80 USD
  • Беџ – 2ра награда – 50 USD
  • Постер – 1ва награда – 140 USD
  • Постер – 2ра награда – 120 USD

Резултатите ќе бидат објавени на официјалната веб-страница и на профилите на социјалните мрежи на Град Скопје и Скопје Лаб. Од наградените и пристигнатите трудови ќе се организира онлајн изложба за презентација пред пошироката јавност.

- Advertisement -

Повеќе информации и пријавување тука.

Сподели!
- Advertisement -