Facebook отстрани 7 милиони лажни информации за корона вирусот

- Advertisement -

Од Facebook објавија дека отстраниле 7 милиони објави во вториот квартал од годинава поради споделување лажни информации за новиот корона вирус, вклучувајќи и содржини кои промовираат лажни превентивни мерки и лекови, пренесува Reuters.

Facebook објави податоци во склоп на шестиот извештај за почитувањето на стандардите за однесување на социјалната мрежа, воведени во 2018 година, заедно со построги правила за пристојност, после критиките дека компанијата не е доволно строга во контролата над содржините на своите платформи.

- Advertisement -

Од Facebook истакнаа дека ќе повикаат независни експерти да ги проверуваат извештаите почнувајќи од 2021 година натаму. Facebook отстрани околу 22,5 милиони постови со говор на омраза на својата апликација во вториот квартал од годинава, а 9,6 милиони во првиот квартал.

Избришани се и 8,7 милиони објави поврзани со екстремистички организации во однос на 6,3 милиони претходно. Притоа, повеќе се потпирале на вештачка интелигенција во текот на април, мај и јуни затоа што во канцелариите имало помалку работници поради пандемијата на корона вирусот.

- Advertisement -

(N1.info)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -