eBussy е специфичен и по името и по изгледот и е различен од сите други електрични возила. Германската компанија Electric Brands го произведува eBussy, што е скратено за електричен автобуски систем и е доказ дека дури и поголемите возила можат добро да функционираат без да оставаат емисија на јаглерод диоксид.
Ова возило е 100% електрично и интегрира соларни панели кои генерираат доволно енергија за да вози до максимално 200 km без повторно полнење. Благодарение на германската иновација, системот регенерира енергија од системот за кочење. Со едно целосно полнење на батеријата и со енергијата од соларните панели eBussy може да помине до 600 км без полнење. Плус, батеријата се полни за само три часа.
Модуларниот дизајн го прави eBussy поинаков од другите. Возилото има 10 делови кои може да се менуваат и да се претвори од камион во караван, пикап, комби или минибус во само неколку едноставни чекори. Камионот дури има опција за лесен истовар на роба. Освен одличниот дизајн, внатрешноста на возилото има доста простор за седење и можете да избирате дали превезувате повеќе патници или роба.
Дури и со сите опции за реконфигурација eBussy тежи само 450-600 кг, а може да превезува до 1.000 кг. eBussy може да се полни на обични станици за полнење, може да се полни на штекер дома или да се полнат само соларните панели. Најдобро од се е тоа што што eBussy може да се рециклира 98%.
(Inhabitat)
(фото: Electric Brands)