Шефот на Sinopharm, Лиу Јингжен, изјави за локалните кинески медиуми дека неговата фармацевтска компанија влегува во третата и конечна фаза од тестирањето, во текот на која се тестира успешноста и сигурноста на вакцината на голема група луѓе заболени од КОВИД-19.
Вакцината на Sinopharm најверојатно ќе биде пуштена во употреба до крајот на декември. Тој период се совпаѓа со периодот кога лани Кина објави дека избила пандемија во градот Вухан, кој беше и центар на пандемијата која го преплави цел свет.
За некој да добие имунитет ќе биде потребно да прими две вакцини. Лиу напоменува дека вакцината нема да биде премногу скапа. За две вакцинирања се очекува дека ќе треба да се платат 144 долари.
Најавата на Sinopharm следува кратко откако Кина ја патентираше првата вакцина против новиот корона вирус, наречена Ad5-nCoV. Таа вакцина ја разви друга кинеска компанија CanSino Biologics и ќе влезе во фаза на клинички тестирања во Саудиска Арабија и во Мексико.
Од CanSino се надеваа дека конечната фаза од тестирањето ќе почне и во Бразил, Чиле и во Русија. Русија, пак, минатата недела стана првата држава во светот со регистрирана вакцина против новиот корона вирус. Руската вакцина се вика Sputnik V, а за руската јавност ќе биде достапна на почетокот на февруари идната година.
(RT, Dnevnik.hr)
(фото: Freepik)