Најнова студија покажа дека Арктикот на лето 2030 година може да остане без мраз

- Advertisement -

Научниците предупредуваат дека Арктикот може да биде без морски лед десетина години порадно отколку што беше предвидено. Тоа е уште еден јасен знак дека климатската криза се одвива побрзо отколку што се очекувало.

Новата студија објавена во вторникот во списанието Nature Communications откри дека арктичкиот морски лед може целосно да исчезне во текот на септември 2030 година. Дури и ако светот денес значително го намали загадувањето кое ја загрева планетата, Арктикот сепак би останал без мраз на лето во 2050 година, соопштија научниците.

- Advertisement -

Истражувачите ги анализирале промените од 1979 до 2019 година, споредувајќи различни сателитски податоци и климатски модели за да проценат како се менувал арктичкиот морски мраз. Открија дека намалувањето на морскиот мраз главно е резултат на загадувањето кое ја загрева планетата, а претходните модели ги потцениле трендовите на топење на Антарктикот.

„Бевме изненадени кога откривме дека Арктикот без лед ќе биде на лето без оглед на нашите напори во намалувањето на емисијата, што не се очекуваше“ вели Сеунд-Ки Мин, главен автор на студијата и професор на Универзитетот за наука и технологија Поханг во Јужна Кореја.

- Advertisement -

Арктичкиот лед се насобира во текот на зимата, а потоа се топи на лето, обично достигнувајќи најниско ниво во септември, пред повторно да почне циклусот. Откако арктичките лета ќе бидат ослободени од лед, насобирањето на морскиот лед во ладните годишни времиња ќе биде многу побавно.Колку е потопло, поголема е веројатноста дека Арктикот ќе остане без морски лед и подолго во ладната сезона.

Наодите на оваа студија се во спротивност со извештајот на Меѓувладиниот панел за климатски промени на ОН од 2021 година, во кој се наведува дека Арткикот ќе биде практички без лед на средината на овој век, според сценаријата за средна и висока емисија на стакленички гасови. Оваа нова студија покажува дека тоа би можело да се случи 10 години порано без оглед на сценаријата за емисија.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: PxHere)

Сподели!
- Advertisement -