Apple сега вреди над 2 трилиони долари

- Advertisement -

Apple стана првата американска компанија која го надмина прагот од 2 трилиони долари. Станува збор за замислен праг, но многу битен и доказ дека пандемијата има позитивно влијание врз производителот на iPhon.

Исто така, поминаа само 2 години откако Apple ја достигна и ја надмина вредноста од 1 трилион долари, што значи дека компанијата ја дуплирала својата вредност за само 24 месеци.

- Advertisement -

Сепак, Apple не е првата компанија во светот која ја достигнала оваа вредност. Saudi Aramco, нафтениот гигант од Саудиска Арабија, кој во текот на пандемијата изгуби дури 75% од својата вредност, накратко достигна вредност од 2 трилиони долари во декември 2019 година. Apple ја надмина таа вредност и стана највредна компанија во светот на 4 август годинава.

Денес акциите на компанијата ја надминаа вредноста од 467,77 долари, но во иднина се очекува да паднат. Имено, акциите на Apple подолго време покажуваат лоши резултати, но во текот на оваа година забележуваат особен скок (над 50%) и покрај КОВИД-19. 19.

- Advertisement -

Но, иако растат приходите на Apple, компанијата се соочува со регулаторни проблеми во однос на екосистемот од апликации кои стои зад хардверот. Најголема таква пречка е спорот со креаторот на видеоиграта Fortnite, Epic Games, кој моментално го тужи Apple затоа што ја исфрлиле Fortnite од iOS откако од Epic се обиделе да ги заобиколат системите за наплата на Apple.

Заедно со порастот на приходите на Apple од нивните услуги и плановите за лансирање разни понуди за претплатниците годинава, ова покажува дека иднината на производителот на iPhone зависи не само од хардверот, туку и од софтверот кој ја гарантира лојалноста на корисниците. iPhone му овозможи на Apple да достигне 1 трилион долари, другите услуги го доведоа до прагот од 2 трилиони долари, но што ќе ја одржи компанијата на пиедесталот?

- Advertisement -

(The Verge)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -