Snapchat изгуби милиони корисници поради редизајнот

- Advertisement -

Директорот на Snapchat, Еван Шпигел, се надеваше дека редизајнот на апликацијата ќе ги привлече огласувачите на платформата и подобро ќе ги пласираат рекламите за корисниците, меѓутоа, неколку месеци по претставувањето на редизајнот дојде до пад на бројот на корисници, пишува Klix.ba.

Повеќе од 1,2 милиони корисници ширум светот потпишаа петиција со која побараа од компанијата да се премисли. Snapchat го игнорираше тоа, а сега од компанијата потврдија дека поради редизајнот изгубиле 2% дневно од активните корисници. Поточно, бројот на корисници падна од 191 на 188 милиони за само еден квартал.

- Advertisement -

„Сметаме дека најмногу сме фрустрирани затоа што сакаме да аправиме напредок и да ја искористиме приликата за да покажеме одредени содржини на одредени луѓе“ велат од компанијата. Ова е прв пат компанијата да изгуби корисници, а јасно е дека нема лесно да ги врати.

Меѓутоа, од друга страна, финансиит ги надминаа очекувањата на инвеститорите. Приходите пораснаа за 44% во однос на минатата година и тоа од 182 милиони долари во вториот квартал 2017 година на 262 милиони долари годинава.

Сподели!
- Advertisement -