Во Лајпциг беа одржани експериментални концерти за да се испита ризикот од ширење на корона вирусот на големи собири

- Advertisement -

Во германскиот град Лајпциг беа одржани необични, експериментални концерти на кои научници водеа сметка за однесувањето на публиката и ќе проучуваат колкав е ризикот од заразување со корона вирусот на големи собири од овој тип.

Германскиот поп-пејач Тим Бенџко ги здружи силите со научници од Универзитетската болница во Хале за да се установи дали може да се продолжи со организираат собири со голем број луѓе во концертни сали и на фудбалски стадиони и во текот на пандемијата.

- Advertisement -

„Сакаме да провериме колкав е бројот на меѓусебни контакти меѓу учесниците на концертот, што всушност уште не е познато“ вели водителот на студијата, Стефан Мориц.

Публиката на концертите била опремена со уреди кои овозможуваат следење на контактите, додека сензорите поставени во салата собираат и евидентираат податоци за нивното движење. На сите им било поделено флуоресцентно средство за дезинфекција.

- Advertisement -

После концертите со УВ светилки требало да проверат кои површини биле особено светли, што значи дека посетителите ги допирале многу често. За учество во експерименталниот концерт се пријавиле само 2.210 луѓе, а на концертот се појавиле само 1.500, што е речиси една третина од очекуваните 4.000 волонтери.

Во саботата се одржаа вкупно три концерти. На првиот од нив не биле преземени безбедносни мерки. На вториот малку повеќе се водело сметка за хигиената и социјалното дистаницрање, додека на третиот учествувале половина од волонтерите и стоеле на оддалеченост од 1,5 метар.

- Advertisement -

Проектот се вика Restart-19 и заеднички го организирале источните сојузни германски држави Саска и Саска-Анхалт. И во двете држави моментално е дозволено организирање на настани до 1.000 учесници, но под прецизно утврдени услови.

„Добро ни оди собирањето податоци. Досега имаме квалитетни информации, расположението беше одлично и многу сме задоволни со дисциплината во поглед на носењето маски и користењето средства за дезинфекција“ изјави Стефан Мориц.

Резултатите од студијата се очекуваат во октомври. Сите учесници во експериментот пред концертот на организаторите морале да им поднесат доказ за негативни резултати на тестови за корона вирус, а за време на концертот носеле заштитни маски FFP2.

(Dnevnik.hr, BBC)

(фото: Pikist)

Сподели!
- Advertisement -