Извршниот директор на TikTok, Кевин Мајер, поднесе оставка, а него привремено ќе го замени генералната директорка Ванеса Папас, пренесува Reuters.
До ваквиот развој на настаните дојде неколку дена откако TikTok ја тужеше администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп поради одлуката да ја стопира работата на оваа популарна апликација во САД.
„Последните недели дојде до драстични промени на политичката сцена и после анализата на тоа какви структурни промени мора да претрпи компанијата и што знали тоа за нејзината глобална улога, со тешко срце одлучив да ја напуштам компанијата“ изјави Мајер.
Белата куќа нареди апликацијата, која е во сопственост на кинеската интернет-компанија ByteDance, до втората половина на септември да го продаде американскиот удел.
Од Белата куќа во повеќе наврати изјавија дека TikTok претставува закана по националната безбедност поради кинеската сопственост. Поради тоа претседателот Доналд Трамп потпиша извршна наредба на 6 август да го блокира TikTok доколку ByteDance не го продаде американскиот удел во рок од 45 дена. Една недела подоцна ByteDance доби рок од 90 дена да го заврши тоа.
Овие потези на Белата куќа ги натераа ByteDance и TikTok да побараат купувач за американскиот удел во апликацијата. Microsoft, Oraclе и други компании разговараат за потенцијално склучување договор, а цената се движи од 20 до 50 милијарди долари. Сепак, не е веројатно да се склучи договор за толку кратко време.
Поради тоа TikTok ја возврати тужбата против амдинистрацијата на Трамп. Во понеделникот компанијата ја тужеше американската влада, обвинувајќи ја дека и оневозможила регуларна постапка форсирајќи ја продажбата преку извршна наредба.
(N1)
(фото: Pikist)