5G опремата на Huawei ја помина проверката на GSMA за сајбер безбедност

- Advertisement -

Опремата на Huawei за 5G безжична мрежа ја помина програмата за безбедност на мрежна опрема на GSMA. NESAS е стандардизиран механизам за проценка на сајбер безбедност кој го дефинираат GSMA и 3GPP, заедно со главните глобални оператори, доставувачи, индустриски партнери и регулатори, а има за цел опремата да ги задоволува барањата за безбедност и стабилност на 5G мрежата. Опремата која успешно го поминала GSMA NESAS ќе добие поголема доверба од индустријата и ќе биде практичен избор за мобилните телекомуникациски компании на сите пазари.

NESAS опфаќа 20 категории за оценување, дефинирајќи ги безбедносните барања во рамките за проценка на развојот на 5G опрема и животниот циклус на таа опрема. Покрај тоа, користи безбедносни тестови дефинирани од страна на 3GPP за проценка на безбедноста на мрежната опрема. Со процесот на интегрирана проценка се зголемува транспарентноста на нивото на безбедност на опремата.

- Advertisement -

GSMA NESAS е најновиот пристап во проценката на мрежната безбедност на мобилните комуникации. Во ерата на 5G, NESAS нуди стандардизирана и ефикасна проценка на сајбер безбедноста, која овозможува во иднустријата за комуникација да бидат обезбедени рамноправност и еднакви услови за сите. Оваа проценка е корисна референца за сите засегнати страни како операторите, доставувачите на опрема, регулаторите и производителите на апликации.

„Huawei отсекогаш се фокусирал на сајбер безбедност базирана на технологија, а NESAS го поздравуваме со целосна поддршка и соработка. Ја поикуваме целата индустрија заедно да го промовираме развојот на усогласен пазар на мобилни апликации“ изјавија од Huawei.

- Advertisement -

Осигурувањето на безбедноста е заедничка цел на Huawei и на неговите купувачи, надзорни тела и останати засегнати страни. Сајбер безбедноста стана главна глобална грижа поради дигитализацијата во разни индустрии. Од Huawei веруваат дека довербата мора да се базира на проверливи факти, кои мора да се засновани на заеднички стандарди. Тие сметаат дека тоа е ефикасен начин за изградба на довербата во дигиталната доба. Исто така, компанијата ги поддржува GSMA и 3GPP во развојот на глобална стандардизирана проценка на безбедноста, идеја која во голема мера е прифатена како индустриски консензус.

(Dnevnik.hr)

- Advertisement -

(фото: Media.defence.gov)

Сподели!
- Advertisement -