Директорот на Twitter е првиот инвеститор кој ќе даде пари за универзален приход за луѓето

- Advertisement -


Извршниот директор на Twitter, Џек Дорси, стана првиот инвеститор кој на луѓето ќе им даде универзален приход, без оглед на нивниот работен статус. Тој соопшти дека ќе донира 3 милиони долари на група градоначалници од повеќе од 10 американски општини кои планираат да стартуваат пилот програма за доделување универзален општ приход за сите граѓани и кој ќе лобира за таа опција да биде воведена на национално ниво.

Оваа пилот програма, според нив, треба да помогне околу 7 милиони Американци во Лос Анџелес, Атланта, Њу Џерси, Мисисипи…Како што наведуваат, давањето загарантиран приход може да ги извлече луѓето од сиромаштија и да и ублажи економските последици на пандемијата на корона вирусот, иако уште не е прецизирно кој ќе добие такви приходи и во кој износ.

- Advertisement -

Дорси вели дека ова е средствo за намалување на јазот меѓу богатството и приходите после глобалната пандемија. Придонесот на Дорси ќе биде исплатен преку хуманитарен фонд од милијарда долари наречен Start Small, кој е наменет за ублажување на последиците од корона вирусот.

(Bizlife)

Сподели!
- Advertisement -