Мекензи Скот, бившата жена на основачот и извршен директор на Amazon, сега е најбогатата жена во светот според индексот на милијардери на Bloomberg (Bloomberg Billionaire Index). Скот, која се разведе од Безос во 2019 година, моментално има нето вредност од 68 милијарди долари.
Таа доби милиони акции во Amazon со вредност од 38 милијарди долари како дел од нејзиниот бракоразводен договор од Безос. Скот е филантроп и поранешна жеа на најбогатиот човек во светот. Таа дојде на првото место на листата и зад себе ја остави Французинката Франсоаз Бетанкур Мејерс, која е наследничка на L’Oreal и контролира 33% најголемиот производител на козметика во светот, а нето-вредноста и изнесува 66,8 милијарди долари според Bloomberg.
Во јули годинава Мекензи изјави дека донирала 1,7 милиајрди долари на неколку каузи, вклучувајќи и кауза за расна еднаквост, за правата на ЛГБТ заедницата, за јавното здравје и климатските промени.
Како што пишуваше Business Insider претходно, Мекензи го зголемила своето богатство благодарение на покачувањто на врендоста на акциите на Amazon.Во 2019 година таа ја потпиша и иницијативата Giving Pledge, која ги поттикнува богаташите од светот да донираат најголем де од своето богатство за добротворни цели.
Освен што е најбогатата жена во светот, Мекензи е и 12-та најбогата личност во светот според листата на Bloomberg.
(Business Insider)
(фото: Bloomberg)