Facebook им се закани на Австралијците – нема да им дозволи споделување вести ако мора да им плаќа

- Advertisement -

Кога австралиските медиуми го притиснаа Google и од него побараа да им плаќа одредена сума за медиумските содржини кои ги прикажува при пребарување, имаше многу негодување. Од една страна, медиумите сметаа дека Google треба со нив да подели дел од профитот, додека Google велеше дека без прикажување на нивните содржини на пребарувачот не би имале толку посетители.

Сега таква борба изгледа му претстои на Facebook. Имено, од социјалната мрежа им порачаа на издавачите и на корисниците во Австралија дека нема да може да ги споделуваат нивните вести ако Facebook мора да плаќа за нив.

- Advertisement -

Според предлог-законот кој го даде австралиската влада во јули, технолошките компании како Facebook и Google мора да им плаќаат на австралиските медиуми надомест за користење на нивните содржини на своите платформи. Австралиската влада тврди дека на тој начин се обидува да ја заштити медиумската индустрија во земјата, која е дополнително погодена од намалувањето на приходите од огласување поради корона кризата.

Владата прво на Facebook и на Google им предложи да пронајдат заеднички јазик со медиумите и да договорат фер надомест, но бидејќи преговорите беа неуспешни, предложи закон кој до крајот на годината би требало да стапи на сила.

- Advertisement -

Од Facebook велат дека нивниот прв избор не е блокирање на корисниците, како приватните така и медиумските. Но, тоа е единствениот начин да се заштитат од исходите кои се нелогични и ќе му наштетат и на медиумскиот сектор во Австралија.

(Reuters)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -