Австрија воведе корона семафор – Виенa, Грац и Линц веќе се во жолто

- Advertisement -

Австрија воведе т.н. корона семафор, кој на локалните власти треба да им овозможи преземање специфични мерки против корона вирусот во текот на претстојната зимска сезона. После официјалниот почеток на примената на семафорот, градовите Виена, Грац и Линц веќе се во „жолто“.

Имено, степенот на зараза кој се израува со семафорот се движи од зелено (низок ризик), жолто и портокалово (среден ризик) до црвено (висок ризик). Секоја боја носи одредени мерки во борбата против корона вирусот и ширењето на заразата.

- Advertisement -

Која боја ќе ја има во одреден регион зависи од бројот на новозаразени во период од седум дена на 100.000 жители, но и од критериумите како слободни капацитети во болниците, бројот на направени тестирања и можноста за следење на синџирот на зараза.

Градоначалникот на Линц, Клаус Лугер, кого го критикуваа поради воведувањето на корона семафорот, најави дека поради жолтата боја на семафорот нема да носи никакви посебни мерки.

- Advertisement -

„Изненадени сме и по малку огорчени поради жолтата боја на семафорот и нема да воведуваме никакви мерки“ изјави Лугер.

Министерот за здравство на Австрија, пак, Рудолф Аншобер, објасни дека степено црвено на корона семафорот не значи автоматски целосен карантин, но исто така дека степенот зелено не значи укинување, туку придржување до основните мерки во борбата против ширењето на заразата како што е држење растојание и одржување хигиена.

- Advertisement -

(Bizlife)

Сподели!
- Advertisement -